Press "Enter" to skip to content

Миле Кузмановски во ресторан “Palash“на 22 август

Љубителите на македонската народна музика на 22 август 2026 година (сабота) ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со емоции, традиција и безвременски македонски песни. Во прекрасниот летен амбиент на ресторан “Palash“ ќе се одржи концерт на едни од најреномираните македонски музички имиња Миле Кузмановски.

Настанот ветува вистинско музичко доживување, каде публиката ќе може да ги слушне најубавите македонски народни и староградски песни, мелодии што со децении ги обединуваат генерациите и остануваат дел од македонското културно наследство.

Миле Кузмановски има богата кариера, бројни фестивалски настапи и песни кои одамна станаа дел од музичката историја на Македонија. Неговиот препознатлив глас и искрената интерпретација ја направија миленичка на публиката, а секој нејзин настап носи силни емоции и посебна атмосфера, а тоа битолската публиката имаше можност за брзо врме два пати да го гледа и слуша во Битола.

Покрај богатата музичка програма, посетителите ќе можат да уживаат во внимателно подготвено гастрономско мени, врвна услуга и пријатен летен амбиент, што ќе ја направи оваа вечер вистинско уживање за сите сетила.

Организаторите ги повикуваат сите љубители на добрата музика навреме да го резервираат своето место и да бидат дел од една вечер која ќе биде исполнета со песна, дружење и незаборавни емоции.

Добрата музика се слуша, а македонската песна се чувствува. На 22 август, ресторан “Palash“ ќе биде местото каде што песната, традицијата и летната магија ќе се спојат во една незаборавна вечер.