Press "Enter" to skip to content

Овој септември во Анлимитед Кодерс Академијата

Скроениот пристап во Анлимитед Кодерс Академијата за секое дете е основа на квалитетно образование. Секое дете учи со свое темпо, има различни интереси и таленти. Наставата тука ги препознава и поддржува тие разлики, создавајќи еднакви можности за напредок и успех. Преку игра, проекти, дискусии и креативни активности, децата учат со радост, а знаењето станува трајно и применливо. Во Анлимитед Кодерс ученикот е активен учесник, а не само слушател па така секое дете ја развива љубовта кон учењето и критичкото размислување. Интеракцијата меѓу наставникот и учениците, како и меѓу самите ученици, создава средина во која секое дете се чувствува слушнато и охрабрено. Преку соработка, размена на идеи и практична примена, знаењето добива вистинска вредност. Целите на Анлимитед Кодерс Академијата годинава се развивање фокус, концентрација и контрола на емоции, развој на фина и груба моторика. Преку игра, доживувања и рефлексија до размена на мислења развивање на емпатија, самосвест, самоконтрола и социјални вештини со примена на јазикот кој го говори целиот свет.

Со современ пристап и посветен тим, Дневниот центар создава средина каде што љубопитноста се претвора во знаење, а секое дете добива поттик да го развие својот целосен потенцијал. Овој септември посетете ги за да добиете повеќе информации за Дневниот Центар , за курсевите по англиски јазик за сите возрасти (предучилишна, основно и средно образование, возрасни слушатели). Курсевите во групи и индивидуални часови, за курсеви и подготовка за меѓународни испити и сертификати Нудат подготовка за матурски испит и училиштен материјал.  

Добивате и бесплатни тестови за одредување на ниво Сертификати и потврди за познавање на јазикот За да се информирате за новостите и програмата на Анлимитед Кодерс,Академијата за англиски јазик и Дневниот центар следете ги на https://www.instagram.com/unlimitedcoders.academy?igsh=bnUydzVhaDU5emRo