На 12 септември, ве покануваме да бидете дел од Hair-aclea 2026, хуманитарен концерт што го организираме со една едноставна цел: преку музика и забава да помогнеме таму каде што е најпотребно.
Оваа година, Хераклеа станува “Hair-aclea“, место каде што одличната музика се спојува со добра причина. Името кажува сè, ве очекува вечер во духот на hair-metal музиката, со хитови што нè потсетуваат на Bon Jovi, Poison и уште многу легендарни бендови.
- 12 септември 2026
- Хераклеа, Битола
- Влез: 19:00 | Почеток: 19:30
Здружение за поддршка и грижа на деца и семејства „Светилник на надеж“ – Битола работи на создавање подобри услови и можности за деца без родителска грижа. Приходите од концертот ќе бидат наменети за поддршка на нашата мисија и децата за кои се грижиме.
КУПЕТЕ БИЛЕТИ и бидете дел од вечер што носи одлична музика, добра забава и помош за оние на кои им е најпотребна.
Се гледаме на 12 септември во Хераклеа.






