“Стентон градба“ Битола ги изветива гражание дека започнуват градежни активности, реконструкција на коловоз на дел од улица “Христо Ботев“ во Битола.
Од денеска 07.09.2026 год. ќе се започне со градежни активности за реконструкција на ул. „Христо Ботев“ во Битола. Поради непречено одвивање на градежните работи и обезбедување на услови за безбедно движење на градежната механизација, ги замолуваме сите граѓани кои живеат на ул. „Христо Ботев“ да ги отстранат своите возила од улицата пред започнувањето на градежните активности.
Ве молиме да не ги паркирате и оставате возилата на улицата во периодот на изведување на работите, со цел да се овозможи навремено и непречено реализирање на реконструкцијата.
Ви благодариме за разбирањето, соработката и трпението во периодот на изведување на градежните активности.






