Press "Enter" to skip to content

Ресторан “Белведере“ со единствен поглед на центарот на градот

Сместен на последниот кат од препознатливата Стаклена зграда, на самиот плоштад “Магнолија“, во непосредна близина на Саат кулата и познатиот Широк Сокак, ресторанпт Белведере нуди една од најубавите панорамски глетки кон Битола.

Од височина, градот изгледа величествен во секое годишно време – во пролет облеан со зеленило, во лето жив и раздвижен, во есен обоен со топли нијанси, во модерен и елегантен изглед, ресторанот нуди уште попријатна атмосфера и поголема удобност за своите посетители.Покрај амбиентот, ресторанот е препознатлив и по богатото мени со разновидни специјалитети подготвени од свежи и квалитетни состојки, како и по професионалната и љубезна услуга.

“Белведере“ е идеален избор за утринско кафе, деловен ручек, романтична вечера, но и за организирање свадби, крштевки, родендени, корпоративни настани и други свечени пригоди.

Со новото руво и препознатливиот поглед кон градот, “Белведере“ продолжува да биде едно од најатрактивните места во Битола каде се создаваат убави спомени и незаборавни моменти.