Press "Enter" to skip to content

“Лидл“ денес почнува да гради и втор маркет во Битола

Познатиот германски синџир на маркети „Лидл“ во Битола денес ќепоставен камен темелник на новиот објект. Церемонијата е предвидено да се одржи на ул. „Васко Карангелески“ бр. 31,  со тоа Биола ќе добие е втор маркет.

Со овој настан, како што се посочува, официјално започнува изградбата на вториот маркет на „Лидл“ во Битола, како дел од долгорочниот инвестициски план на компанијата во земјава.

На свеченото поставување на камен темелникот ќе зборуваат Катарина Зориќ, директор за недвижности во Лидл Северна Македонија и Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола.

Со овој настан официјално започнува изградбата на вториот маркет на Lidl во Битола, како дел од долгорочниот инвестициски план на компанијата во земјава. Инвестицијата претставува значаен придонес кон локалниот економски развој, отворање нови работни места и унапредување на понудата за потрошувачите, како и можност за продлабочување на соработката со домашните производители.

Во Битола, првиот маркет се наоѓа на локацијата кај кружниот тек на Дулие, до трговскиот комплекс „Блисс“.

More from ВестиMore posts in Вести »