Почетокот на есента е периодот кога повторно почнуваме да си правиме планови со прецизност на професионален организатор. работа, обврски, нови цели, работи што ги одложувавме – добро, и тие некако се најдоа на листата.
Но, меѓу сите состаноци, рокови и нови почетоци, постои уште нешто што заслужува да биде дел од планот: сигурноста на домот. А кога веќе правиме планови за новата сезона, зошто заштитата на домот да остане на листата „ќе размислам подоцна“?
Имотното осигурување е токму еден од начините да размислуваме навреме за заштитата на нашиот дом и имот. Наместо да чекаме непредвидена ситуација да нè потсети колку ни е важно тоа што го имаме, можеме да направиме чекор однапред и да избереме заштита што одговара на нашите потреби.
Преку ОБД Минт Инс можете да ги разгледате достапните опции за имотно осигурување од активните осигурителни компании, да ги споредите понудите и да ја изберете онаа што најмногу ви одговара.
И можеби токму тоа е добрата страна на есенските планови – не мора сите да бидат големи.
Понекогаш доволно е да завршите една важна работа што долго сте ја одложувале.
✔ Работа
✔ Обврски
✔ Нови планови
На крајот, сигурноста не треба да биде ставка што ја додаваме кога ќе се појави проблем. Таа е дел од добриот план уште од самиот почеток.
Затоа, ставете го сигурниот дом во вашиот есенски планер.
За повеќе информации контактирајте нѐ на 15 107, info@mintins.com или во една од нашите филијали.






