Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: се степале четворица полицијата ги приведе, приведување за агресивно однесување кон полицајци, 67 годишник пријавил физички напад од 60 годишник

На 05.10.2026 во 03:15 часот во казино на ул. „Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода четири лица на возраст од 40, 41, 29 и 34 години, сите од Битола.  Според пријавеното, тие го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а во еден момент и физички нападнале вработен од обезбедување во објектот. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.10.2026  во 04:10 часот на ул. „Киро Дандаро” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода две лица на возраст од 18 години, двајцата од Битола, бидејќи го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.10.2026 во 09:00 часот во СВР Битола, Ц.М. (67) од Битола пријавил дека на ул. „Генерал Васко Карангелевски” во Битола бил физички нападнат од 60 годишник од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.