Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: јавен повик за учество во програмата за празнување на 4-ти Ноември

Согласно Програмата за култура за 2026 година, Општина Битола oбјавува jавен повик за учество во програмата за празнување на „4-ти Ноември“-Денот на ослободувањето на градот.

Општина Битола традиционално секоја година го одбележува Денот на ослободувањето на градот „4-ти Ноември“ со програма од неколку денови која вклучува културно уметнички и спортски активности кои се одвиваат на повеќе локации низ Битола.

Предмет на јавниот повик – кофинансирање на манифестации и проекти по повод Ден на ослободувањето на градот Битола, со кои се збогатува содржинската понуда по повод празнувањето на „4 ти Ноември“.

– музичка и музичко – сценска уметност
– театар
– ликовна уметност
– видео, фото, филмска уметност
– литература
– фолклор
– традиционални настани
– спортски настани

Активностите треба да бидат реализирани во период од 28.10.2026 до  07.11.2026.

Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, физички лица, правни лица, Здруженија на граѓани  и јавни установи од областа на културата  и спортот (со седиште во Општина Битола).

Повикот трае од  06.10.2026 до 13.10.2026 до 15.30 часот.

Повеќе на линкот: https://www.bitola.gov.mk/4-noemvri-2026/

More from ВестиMore posts in Вести »