Големата присутност и заинтересираност на денешната прва форумска сесија беа потврда на нивната заинтересираност како да се развива Битола, а зелено светло за Општината и градоначалникот дека ваквите форумски сесии се значајни за создавање Буџет по мерка на граѓаните.
Пред присутните свое обраќање имаше градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој рече дека Буџетот не е само финансиски документ, туку одраз на потребите на граѓаните и визијата за развој на Битола.
-Форумот не е обична јавна расправа, туку место каде граѓаните активно учествуваат во предлагањето решенија и утврдувањето приоритети. Со ова ја потврдуваме нашата транспарентност и отчетност, преку отворена дебата за тоа како се планираат и трошат јавните средства. Сигурен сум дека заеднички ќе направиме буџет по мерка на граѓаните кој откако ќе ги помине сите административни фази ќе се најде на комисиска расправа, а потоа и на седница на Советот на Општина Битола, рече градоначалникот Коњановски.
Имаше најразлични предлози и идеи од речиси сите области на живеење. Надвозник кај ОУ „Коле Канински“, асфалтирање на улици, облагородување на просторот околу објектите на факултетите во некогашната касарна, спортски терени за студентите, Битолска градска куќа, реновирање на салата за гимнастички спортови, водоснабдување и пречистителна станица за село Нижеполе, обезбедување објект за државното музичко училиште, формирање на средно уметничко училиште и Битола да добие професионален фолклорен ансамбл. Исто така беше побарано обезбедување простор за дневен центар на деца со аутистичен спектар.
На форумот стана збор за изградбата на спортската сала во Долно Оризари, за тоа до каде се работите со пливачкиот базен во ОУ „Даме Груев“, како и за потребата од реновирање на училиштето во Буковски ливади.
Предлозите беа слушнати и забележани од раководителите на надлежните сектори, од претседателот на Советот Бојан Бојкоски и присутните советници кои ќе треба на крајот на годината да го гласаат Буџетот за следната година.

Општина Битола петта година по ред го организира Буџетскиот форум за креирањето на Буџетот, овој пат за 2027
More from ВестиMore posts in Вести »
- Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“
- Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 19 степени
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)





