На 21.10.2026 во 11:25 чaсот во СВР Битола, од Итна медицинска помош Битола е пријавено дека на ул. “Кочо Палигора” во Битола интервенирале по пријава за повредено лице. Полициски службеници излегоа на местото и од увидот констатираа дека се работи за 60 годишник од Битола, вработен во ЕВН Македонија, кој се здобил со повреди додека извршувал работни активности.
На 21.10.2026 во 19:05 часот на ул. „Борка Талев” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Џ.В. (24) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од Џ.В., при што било констастирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.10.2026 во 09:30 часот во Полициското одделение Новаци, П.К. од с.Горно Агларци, општина Новаци, пријави дека при вршење земјоделски работи во атар на с.Горно Агларци пронашол една неексплодирана граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола гранатата е безбедно подигната и било констатирано дека се работи за артилериска граната од Првата светска војна.






