-Атина Рувинова e внука од ќерка на писателот Петре Димовски од Битола која детството повеќе го поминуваше во Битола отколку во Охрид каде живее, а на дедо тогаш му порача: дедо, јас ќе те надминам со награди.
Голем меѓународен успех за младата охриѓанка Атина Рувинова, со битолско потекло, која заедно со својот тим го освои првото место во категоријата Daytona Track на престижниот хакатон HackHarvard 2026, одржан на Универзитетот Харвард во Кембриџ, Масачусетс.
За само 36 часа создаде иновативно решение базирано на вештачка интелигенција, кое привлече внимание и од претставници на светски технолошки компании меѓу повеќе од 500 студенти, со меѓународна застапеност од различни универзитети и земји.
Атина, која моментално студира компјутерски науки на Универзитетот во Флорида во САД. Заедно со својот тим го разви Leash, иновативно решение кое комбинира вештачка интелигенција, автоматизација и современи безбедносни технологии, со цел да реши проблем со кој луѓето често се соочуваат во секојдневниот живот.
Leash – иновација која го менува начинот на кој луѓето организираат и плаќаат заеднички резервации, односно решение на проблем со кој речиси секој се соочил барем еднаш. За заедничко патување или да испланираат некоја активност. Најчесто, едно лице мора однапред да ја плати целата сума, а потоа да ги собира парите од останатите. Тоа создава непотребен финансиски товар, недоразбирања и дополнителен стрес. Токму овој проблем Атина и нејзиниот тим решиле да го променат. Идејата е никој да не мора однапред да го плати целиот износ за останатите, што би го отстранило еден од најчестите проблеми при групните патувања и активности.
Иако за корисниците решението е замислено да биде едноставно, зад него стои сложен инженерски систем кој комбинира вештачка интелигенција, автоматизација и безбедносни механизми. За време на 36-часовниот натпревар, тимот развил функционален прототип кој го демонстрирал концептот, вклучувајќи и симулација на финансиските операции.
За само 36 часа, Атина и нејзините соработници требало да ја разработат идејата, да ја испланираат реализацијата, да ги развијат различните делови од системот, да ги поврзат во функционална целина и да го подготват проектот за презентација пред стручно жири. Тимот работел без спиење, соочувајќи се со бројни технички проблеми, неочекувани пречки и постојан притисок од времето. И покрај заморот и краткото време, тимот успеал да го заврши Leash и успешно да го претстави.
По 36 часа непрекината работа, нивниот проект го освоил првото место во Daytona Track на HackHarvard 2026. За младите иноватори, тоа бил момент кога целиот вложен труд, непроспиената ноќ и предизвиците со кои се соочиле добиле посебно значење.
Покрај освоената награда, Leash привлекол внимание и надвор од натпреварувачкото жири. За време на HackHarvard, тимот имал можност да разговара со инженери и претставници на технолошки компании, да ја презентира својата идеја и да добие вредни совети за нејзиниот понатамошен развој. Особено впечатлива била реакцијата на претставничка на ASUS, која покажала голем интерес за проектот и го повикала медиумскиот тим на компанијата да направи интервју и видеоснимање со Атина и нејзините соработници. За Атина, ова било едно од најубавите изненадувања на натпреварот, бидејќи покажало дека нивната работа може да привлече внимание и надвор од категоријата во која се натпреварувале.






