Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: малолетник паднал од мопед – тешко се повредил, сообраќајка кај “Чешмите“, приведување за дрога

На 22.10.2026 во 19:15 часот во СВР Битола било пријавено дека на пат за с. Карамани, битолско, 14-годишен малолетник од Битола, управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки изгубил контрола над мопедот и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

На 22.10.2026 во 07:17 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Ресен, во близина на место викано „Чешмите“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(33) од Ресен и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(64) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 33-годишната С.Р., констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

На 22.10.2026 во 23:20 часот пред угостителски објект на Градското шеталиште  во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 39 годишник од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

На 22.10.2026 во 15:40 часот на патот Прилеп – Ресен, кај надвозник за с.Крклино, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода З.Б. (33) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фолксваген поло” со битолски регитарски ознаки, управувано од З.Б., при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »