Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напад во угостителски објект, малолетничко насилство, 18 годишник возел без возачка, физички напад

На 24.10.2026 во 02:30 часот во СВР Битола, В.Б. од Битола пријавил дека во угостителски објект на ул. „Илинденска” бил  физички  нападнат од  лице, исто така, од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 24.10.2026 во 00:50 часот во СВР Битола, М.Ѓ. (40) од Битола пријавил дека неговата 12-годишна ќерка и нејзина другарка пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола биле физички нападната од малолетник и се здобиле со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

На 24.10.2026 во 01:08 часот на ул. „8 Септемвски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.В. (18) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.В., при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.10.2026 во 19:45 часот во СВР Битола, А.М. од Битола пријави дека на ул. „Караорман” бил физички нападнат од лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
More from ВестиMore posts in Вести »