Press "Enter" to skip to content

„Mikel Coffee“ со нова кафе приказна, повторно во “BLISS Mall“ во Битола (фотогалерија)

Со препознатливи портокалови балони, музика со диџеј и голем интерес кај битолчани, познатиот грчки бренд „Mikel Coffee“ отвори уште еден продажен објект во Битола, во „BLISS Mall“, на самиот агол, на приземје.Но, отворањето на ново место за кафе не е само уште една деловна приказна. Тоа е и приказна за малите животни ритуали, за потребата да застанеме среде брзиот ритам на денот, да земеме кафе, да прошетаме, да се сретнеме со пријател или едноставно да си подариме неколку минути за себе.Новата локација на „Mikel Coffee“ им овозможува на посетителите на „BLISS Mall“ да го понесат своето омилено кафе со себе додека шетаат низ трговскиот центар, но и да застанат, да седнат и да уживаат во кафе-муабетот, добриот појадок и моментите поминати со блиските луѓе, но и опуштено да седнат, да поразговараат, како велат битолчани, да се водиме на кафе.Кафето како психологија на секојдневното задоволство. Понекогаш, она што ни е најпотребно не е голема промена, туку мала пауза. Неколку минути во кои нема да брзаме, нема да размислуваме за следната обврска и нема постојано да гледаме во часовникот. Само ќе застанеме, ќе го земеме кафето и ќе си дозволиме да бидеме присутни во моментот. Од психолошки аспект, ваквите мали ритуали можат да ни помогнат да го организираме денот, да почувствуваме континуитет и да направиме краток премин од една обврска кон друга. А кога кафето го споделуваме со некого, неговото значење станува уште поголемо.

Кафе-муабетот е многу повеќе од разговор со шолја во рака. Тоа е простор за размена на мисли, за смеа, за споделување радост, но и за разговорите што понекогаш ни се потребни за да ни стане полесно. Средбата со пријател, спонтаното запознавање или краткиот разговор со колега се дел од социјалните моменти што му даваат топлина на секојдневието.Некогаш кафето го пиеме во движење, додека ги завршуваме обврските. Другпат седнуваме со некој близок и времето како да забавува. А понекогаш, најубавото кафе е она што го пиеме сами, без брзање, уживајќи во сопствените мисли. Доброто кафе не ги создава сите овие емоции само по себе, туку ги дополнува. Му дава вкус на разговорот, ја збогатува атмосферата на средбата и станува дел од споменот што го носиме со себе. Токму во тоа е убавината на кафе-културата: во можноста од еден обичен момент да создадеме мало, лично задоволство, а од “‘Mikel Coffee“ велат:-Сакаме “Mikel Coffee“ да биде дел од убавите моменти на битолчани. Зад секое добро кафе-искуство стојат посветеноста, квалитетот и желбата секој гостин да се почувствува добредојден. За новото поглавје на „Mikel Coffee“ во Битола и што значи отворањето на новиот објект во „BLISS Mall“ додаваат:-Ова е уште една можност да им се приближиме на битолчани и да бидеме дел од нивното секојдневие. Сакаме “Mikel Coffee“ да биде место каде што денот започнува поубаво, каде што пријателите се среќаваат, а кратката пауза станува момент за уживање.

За тоа колку е важен моментот на дружење во културата на пиење кафе велат:

-Многу е важен. Кафето често е повод луѓето да се сретнат, да разговараат и да поминат квалитетно време заедно. Нашата желба е да понудиме кафе со квалитетен вкус, кое ќе биде дел од тие моменти. Зашто, најубавите нешта често се случуваат токму околу една шолја кафе.

Битолчани и гостите од регионот во “Mikel Coffee“ ги очекува разновидна понуда – од нашето препознатливо кафе и топли и ладни пијалаци до вкусни колачи и избор за појадок.
Секој ќе го најде својот омилен вкус, без разлика дали го носи кафето со себе или сака да застане и да ужива во моментот.Mikel Coffee“ е дестинација за љубителите на класичното кафе, но и за оние што сакаат да истражуваат нови вкусови. Зрната кафе се внимателно избрани од партнерски плантажи во
Бразил, Централна Америка и Африка, а мешавината од 100% арабика е создадена за препознатлива арома, мазност и балансиран вкус. На менито се
еспресо, лате макијато и ладни кафе-пијалаци, а за љубопитните е тука и „Mikel Matcha Latte“, во различни вкусови. Топлиот чај е избор за моментите кога ни треба малку мир, додека колачите и понудата за појадок се совршен придружник на утринското кафе или попладневната средба.

Со новото кафуле “Mikel Coffee“ добива уште една локација во градот, а битолчани уште една
можност да го вклопат омиленото кафе во сопствениот ритам – во прошетка, во кратка пауза или во средба со луѓето што им значат. Зашто, во свет во кој постојано брзаме, понекогаш најголемиот луксуз е да си дозволиме да застанеме. Да се насмееме, да прашаме некого како е, да споделиме мисла или едноставно да уживаме во тишината. И кога на сето тоа ќе му се придружи доброто кафе, моментот станува уште поубав.

Ж.Ристеска

Фото: Дамијана Ристевска

Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo/?fbid=1763804692125016&set=pcb.1763805888791563