Press "Enter" to skip to content

ЈП “Паркинзи“ Битола: од денес во функција е пајак службата

ЈП “Паркинзи“ Битола информира дека од денес 02.11.2026 година во соработка со СВР Битола повторно ќе биде во функција пајак службата, во функција на средување на сообраќајните површини од нелегално паркирани возила кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.
ЈП “Паркинзи“ Битола ја користи приликата да апелираме на одговорно користење на сите сообраќајни површини со почитување на Законските правила и прописи.