Кога избираш осигурување, цената често е една од првите работи што ги забележуваш. Но, дали некогаш си се запрашал што навистина добиваш за таа цена? Кои ризици се покриени, што е исклучено од полисата и како треба да постапиш доколку настане штета?
Токму ваквите прашања покажуваат зошто е важно да бидеш финансиски информиран. Бидејќи добрата финансиска одлука не се сведува само на тоа колку плаќаш, туку и на тоа дали ги разбираш условите и знаеш каква заштита избираш.
По повод Деновите на финансиската писменост (28.10 – 05.11.2026), потсетуваме дека информираноста е важен дел од секоја осигурителна одлука. Финансиската писменост не значи само да знаеш колку плаќаш, туку и да ги разбираш условите, покритијата и обврските што произлегуваат од твојата полиса.
Затоа, пред да избереш осигурување, одвој време да ги провериш најважните детали:
- Што опфаќа осигурителното покритие?
- Кои ризици и ситуации се исклучени?
- Под кои услови важи полисата?
- Како се постапува во случај на штета?
Доколку нешто не ти е јасно, постави прашања пред да ја донесеш конечната одлука.
Преку ОБД Минт Инс, можеш да ги разгледаш понудите од сите активни осигурителни компании и полесно да се информираш пред да го направиш твојот избор.
Финансиската писменост започнува со вистинските прашања. А кога станува збор за осигурувањето, важно е да знаеш што точно избираш.
ОБД Минт Инс – Повеќе од осигурување.
За повеќе информации, нашиот тим е достапен на 15 107, info@mintins.mk, или во една од нашите филијали низ државата.






