Press "Enter" to skip to content

Доделени наградите “4-ти Ноември“ на Општина Битола, плакета за животно дело на Соња Михајлова (фотогалерија)

-Покрај наградата за животно дело беа доделени и наградите за едногодишни остварувања, а ги добија: проф. д-р Горан Илиќ, д-р Маргарита Камбовска и Кире Марков

-Вечерва присутните уживаа во музичко-сценскиот перформанс “Полноќни приказни од Офицерскиот дом“.

Вечерва на Свечена академија која се одржа во Големата сала на Центарот за култура во Битола, пред голем број на битолчани и гостите од збратимените градови беа доделни наградите “4-ти Ноември“ по повод Денот на ослободувањето на Битола.На Свечената академија по повод одбележувањето на 81-вата годишнината од ослободувањето на Битола, присуствуваа владиката Петар, ректорот на УКЛО – проф. д-р Игор Неделковски, советници, гости од збратимените градови на Битола, дел од почесните конзули…, традиционално беа доделени наградите на поединци и институции за едногодишни достигнувања, како и највисоката општинска награда за животно дело.Пред доделување на наградите на присутните за тоа што е сработено во изминатата година им се обрати градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој рече:-Утрото на 4 ноември 1944 година засекогаш припаѓа на вечната меморија на Битола. Во него се собрале долгоочекуваната радост на слободата, надежта на семејствата и вербата дека животот повторно може да се гради во мир. Оваа свечена академија по повод празникот на градот „4-ти Ноември“ Денот на ослободувањето на Битола е место од кое испраќаме порака дека тешко стекнатата слобода пред 82 години, не прави горди на значајните културно-историски вредности кои ги поседува нашиот град, на нејзиниот напредок во сите сфери на живеење и на визијата за напредокот на градот. Вечерва се потсетуваме на борбата и храброста на нашите предци, на направените жртви, но и на издржливоста на нашиот народ, во очекувањето на светлината на новата зора, исполнета со надеж и можности. Оние кои некогаш сонуваа за посветла иднина, презедоа акција за да го направат сонот – реалност. Наследството живее во нашата посветеност да ги поддржуваме вредностите на слободата, правдата и мирот. Наша должност е да се погрижиме нивните жртви никогаш да не се заборават, а лекциите од историјата да не водат во нашата потрага по подобро утре“, рече во своето обраќање градоначалникот на Битола.Претседателот на Управниот одбор на Фондот за доделување на наградата, воедно и претседател на Советот на Општина Битола – Бојан Бојковски кој рече:-Како локална самоуправа, дејствувавме и дејствуваме во насока на реализација на бројни проекти и зајакнување на меѓународната соработка, се со цел зголемување на можностите за инвестиции, напредок и развој.Чест и задоволство е што вечерва ја имам приликата да ги соопштат четвртоноемвриските награди и да им се заблагодариме на наградените за нивното вложување со личен и колективен придонес кон градењето подобро утре“, истакна Бојкоски.Управниот одбор на Фондот за доделување на наградата 4-ти Ноември, по пристигнатите пријави, одлучи наградата за животно дело, годинава да ја добие актерката Соња Михајлова.-Наградата за животно дело на Соња Михајлова се доделува заради големото достигнување од областа на културата и драмската уметност, работи со прецизна техника суптилен, емоционален актерски сензибилитет и моќна сценска естетика, сето тоа благодарение на нејзиниот професионализам, талент и креативност. Во нејзината 42 годишна кариера во континуитет одигра околу 150 значајни улоги во класичниот и современ драмски репертоар на битолската сцена повеќе од 30 години. Михајлова дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на Љубиша Ѓоргиевски. Од 1984 е дел од ансамблот на Народниот театар во Битола, каде што работеше до пензионирањето во 2022, рече Бојковски. Паралелно со сценските остварувања, Михајлова дава пример за професионализам и менторска поддршка на помладите генерации, освојувајќи ја публиката и потикнувајќи го развојот на македонската култура како носителка на културни вредности и обележје на тетарската историја.Бојковски ги образложи и наградите за едногодишни остварувања, а наградите за едногодишни остварувања ги добија:-Прод. д-р Горан Илиќ редовен професор на Правен факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“Битола, проректор за наука на Универзитетот и главен и одговорен уредник на научното списание Journal od Liberty and International Affairs. Предложен од Ротари Клуб ,,Битола” – Битола. Како главен и одговорен уредник на меѓународното научно списание со својата визија, долгогодишна посветеност и највисоки академски стандарди успеа да постигне резултати кои претставуваат посебен придонес за афирмација и развој на Општина Битола на меѓународен план. Исто така како редовен професор и проректор за наука на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски” – Битола дава континуиран придонес во јакнењето на истражувачкиот капацитет на универзитетот, поддршка на млади кадри, поврзување на битолската научна мисла со европските и светски образовни простори. Неговото академско образование опфаќа диплома по право, магистратура по политички науки, и докторат, а неговиот опус на публикации се состои од научни трудови поглавја во книги и монографии фокусирани на улогата на Европската Унија во меѓународните односи.-Д-р Маргарита Камбовска  – доктор по медицина, специјалист по педијатрија и субспецијалист по неонатологија. Предложена од Болница ,,Плодност” – Битола. Д-р Камбовска има одлични достигнувањата од областа на здравството. За нејзината долгогодишна, совесна и посветена работа во областа на педијатријата и неонатологијата, како и за нејзиниот континуиран придонес во унапредувањето на здравствената грижа за новороденчињата и децата. Во текот на својата кариера д-р Камбовска изгради препознатлив професионален интегритет заснован врз стручност, одговорност, континуирано медицинско усовршување, човечност и целосна посветеност на пацентот. Со својот личен пример покажува дека лекарската професија не е само професија, туку и одговорност, повик и посветеност кон човекот.-Кире Марков – аматерски учител по пливање и скијање. Предложен од група на граѓани. Кире Марков има значајни достигнувања во областа на спортот и развој на спортскиот живот на младите деца, кои со љубов и желба ги следат неговите инструкции за пливање и скијање. Оваа година Кире Марков навршува 60 години занимавање со спортот, особено давајќи вистинска поддршка, обука и знаење во две спортски дисциплини. Тој успеа во нашиот град да направи обуки за пливање и зимски спортови – скијање кои се корисни за сите граѓани во поглед на јакнење на спортскиот и здравиот дух. Учествува на околу 30 маратони во земјата и странство. Добитник е на многубројни награди и признанија.Во име на наградените за годишни остварувања се обрати добитничката на за наградата за животно дело Соња Михајлова која рече дека се заблагодаруваат на сите за наградите и уште еднаш потсети на некои работи поврзани со Битола, со битолчани кои се ретки луѓе како не оценуваат низ Европа и светот кои во исто време се радуваат, плачат и се смеат, за битолските маала, за една Битола која сега ја нема, а оставиле големи спомени кај повозрасните битолчнани…Денот на ослободувањето на Битола продолжи со полагање свежо цвеќе пред Споменикот на НОАВМ пред Центарот за култура, Споменикот на народниот херој Стив Наумов и на Партизанските гробишта, продолжи со прием на градоначалникот на членови на Сојузот на борци Битола…  а ќе продолжи во уште настани.

Текст и фото: Сашо Ристевски

Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo?fbid=1767578745080944&set=pcb.1767580568414095

More from ВестиMore posts in Вести »