Press "Enter" to skip to content

Битола, имаш термин за себе

Седум пакети за нега со 15% попуст во “BODY M“ во текот на целиот ноември Во Битола, „ќе се видиме на кафе“ лесно наоѓа место во денот.

Ќе си закажам нешто за себе“ обично чека да заврши се друго. А тоа се друго, како што знаеме, има прилично долго работно време. Овој ноември, “BODY M“ има добар предлог за промена во распоредот.

Под мотото „Есента ми годи“, центарот за убавина нуди седум пакети со 15% попуст, кои комбинираат третмани за лице и тело, масажи, маникир, педикир и нега на веѓи и трепки. Секој пакет е осмислен за едно доаѓање, а имињата звучат како нешто што би сакале почесто да си го кажуваме. „Ти светна лицето“, на пример. Убаво е кога некој ќе го забележи тоа пред воопшто да праша како сме.

Овој пакет спојува хидратантен третман на лице со чистење и маска, обликување и нијансирање веѓи и масажа од 30 минути. Целото искуство трае 90 минути, а ноемвриската цена е 2.700 денари, наместо 3.200 денари. За оние што сакаат пократка пауза, „Се ми е таман“ обединува Guinot хидратација, масажа од 30 минути и парафин. Пакетот трае еден час и со попуст чини 2.250 денари, наместо 2.650 денари. Сосема пристоен план за еден обичен вторник.

„Имам повод“ е за прославите, средбите и вечерите што ги чекаме со нетрпение. А повод може да биде и сопствената желба да се средиме. Во пакетот се вклучени Hydrafacial, маникир со траен лак и траен лак на нозе. Трае два часа, по цена од 4.750 денари, наместо 5.600 денари.

Најдолгата пауза ја нуди „Убаво ми е во мојата кожа“. Три часа посветени на Хидрадермие лифт, лимфна дренажа од 60 минути и целосен педикир. Ноемвриската цена е 6.350 денари, наместо 7.500 денари. За овој термин вреди однапред да се расчисти календарот. „Од глава до пети“ ја продолжува грижата и под есенските слоеви облека.

Пилинг на цело тело, масажа од 60 минути и Vacuslim се споени во пакет од 90 минути, по цена од 2.350 денари, наместо 2.800 денари. „Мојот час“ има една симпатична отстапка од сопственото име. Трае час и половина. Во него се вклучени лимфомоделирање на стомак и чудесна масажа на лице, а ноемвриската цена е 6.600 денари, наместо 7.800 денари.

Седмиот пакет, „Средена и одморена“, ги обединува маникирот со траен лак, педикирот со траен лак и lash lift во едно двочасовно доаѓање. Наместо 3.300 денари, во ноември чини 2.800 денари. Понудата важи во текот на целиот ноември, до 30 ноември. Наведени се финалните акциски цени.

Резервацијата е со уплата однапред, а секој пакет се користи во целост, со сите вклучени третмани во ист ден, без делење во различни денови. За избор на пакет и закажување, заинтересираните можат да се обратат во порака до BODY M. Кафето потоа сѐ уште е добра идеја. С амо овојпат, кога ќе те прашаат „Што има ново?“, можеби ќе одговориш „Есента ми годи“.