Општина Битола издава урбана опрема – типизирани куќарки за комерцијално користење со намена продажба на храна, пијалаци и други производи поставени покрај пешачката патека во близина на Офицерски дом во Битола и типизирани куќарки за комерцијално користење со намена продажба на готови и пакувани прехранбени и кондиторски производи, безалкохолни пијалаци, играчки, сувенири и други производи поставени на плоштад „Гоце Делчев”, за периодот од 21.12.2026 до 07.01.2027 година.
Понудите може да се достават најдоцна до 30.11.2026 година во 12:00 часот.
Понудите се доставуваат лично во Архивата на Општина Битола.
Повеќе информации на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/urbana-oprema-kukarki-2/






