Денес, среда, 25 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и студено. Кон крајот на денот можност за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 7 степени.
Утре, четврток, 26 ноември, во Битола, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 8 степени.






