Press "Enter" to skip to content

Претставен проект за регионален развој на туризмот, носител центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (фотогалерија)

Во винаријата “Чифлик“ денес Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион-ЦРППР, на промотивна конференција претстави проект за регионален развој на туризмот со искористување на постоечкиот македонски и грчки ресурсен потенцијал, овој проект е поддржан од Министерството за локална самоуправа.На промотивниот настан во Битола, заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, истакна дека проектот I-TOURзначи промоција за развој на туризмот во Пелагонискиот регион и регионите на Лерин и Солун во соседна Грција.-Овој проект овозможува промовирање и соработка меѓу двете соседни држави и е финансиран со над 760.000 евра. Преку ИПА компонентата ќе биде финансирано и отворањето на граничниот премин “Маркова нога“ во Преспа, а ние како министерство работиме што повеќе да ги искористиме овие можности што ги нуди ЕУ преку овие програми, нагласи Павлески.

Носител на проектните активности е ЦРППР-Битола, а имплеметацијата ќе се реализира со 4 партнери, односно 2 од Пелагонискиот регион и 2 од соседна Грција.-Цел на проектот е да се адресираат и дефинираат проблемите и недостатоците што ги имаат Република Северна Македонија и Република Грција, односно недостигот на заеднички туристички производ и недоволната искоритеност на постоечките потенцијали што ги имаат двата региони. Преку овој проект ќе го промовираме регионот Битола-Лерин-Солун, ќе се мапираат постоечките туристички потенцијали и производи, кои потоа ќе се промовираат пред меѓународни тур-оператори и медиуми, за да се учествува на меѓународни саеми. Ние сакаме Пелагонискиот регион да биде конкурентен регион, и затоа имаме 3 готови туристички понуди, посочи Гого Видимче, раковидтел на ЦРППР-Битола.Градоначалникот на Битола, Наташа Петровска, на промотовната конференција ги поздрави учесниците и посака ова да биде само пример како и во иднина да соработуваат сите страни се со цел развивање на туризмот.Потенцијалните атрактивни туристички места ќе ги утврдат експерти од двете држави, а проектот го претставија за центарот за развој на Пелагониски плански
регион-Александра Сивевска Проектен менаџер, за Национален парк Пелистер-Пеце Цветановски, за Факултет за туризам и угостителство,Охрид-д-р Иванка Нестороска, за национален парк Преспа, Грција-Триантафилија Гоку и за факултетот за бизнис и администрација, Грција-Јоанис Тампакоудис.-Проектните тимови се одлични, работиме од двете страни и посебно сакаме да го искористиме потенцијалот на Преспанското езеро, кусо изјави Јоанис Тампакоудис, универзитетски професор од Солун.Во проектот вклучени се претставници на националните паркови „Пелистер“ и „Преспа“, Факултетот за туризам и угостителство-Охрид и Факултет за бизнис и администрација-Солун, а на денешната промоција беа присутни и градоначалниците од пелагонискиот плански регион, бизнисмени, ректорот на УКЛО и други…

С.Р.