Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија, во Битола, е домаќин на претставници на фолклорни асоцијации од 15 држави во Европа, членки на Светската фолклорна организација-ЦИОФФ, сектор Јужна Европа. По тој повод, околу 50-тина претставници jа посетија Општина Битола.
Градоначалничката Наташа Петровска им посака топло добредојде на гостите,со желби да се продлабочи заедничката соработка околу нематеријалното културно наследство, фолклорот и традициите.
Гостите со симболични подароци карактеристични за нивните земји, се заблагодарија на топлиот прием, а претседателот на ЦИОФФ Македонија, Антонио Димитровски и подари уметничка слика, во знак на благодарност кон Општина Битола, која му даде голема поддршка на овој значаен меѓународен настан.

Претставниците на 15 земји, членки на светска фолклорна организација, во посета на општина Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево, температурата до 24 степени
- “Генерал Филм Студио“ со награда за најдобар спот на “Netët e Klipit Shqiptar“ во Тирана (фото)
- Членовите на Сојузот на борци од Битола и годинава го испочитуваа Маршалот Тито
- Од полноќ ново поскапување на горивата, дизелот +2,5 денари, бензинот +2 денари
- Од 7 до 9 мај во Битола нов градски фестивал посветен на виното (фото)





