Деновиве која ги прибирав материјалите од последната моја книга која треба да излезе од печат, посветена на ракометот, најдов и фотографии од пред 10 години, кога се подготвувала и отворила фото-изложба, по повод 20 години од искачувањето на Димитар Илиевски – Мурато, на Монт Еверест и неговата трагична смрт, ни рече деновиве, доајенот на битолското новинарство, Димче Миновски.
Миновски ни раскажа многу сеќавања за тој ден кога бил прво радосен, а потоа и трагичен, а како тој спортски новинар во Радио Битола, известувал за овој настан.
-Сеќавања има многу, но тие се веќе познати на јавноста, а сега би сакал само да кажам дека пред 10 години, што се гледа и од фотографиите, изложбата заедно ја подготвуваа синот на Димитар, Јонче и планинарот, новинарот, Драган Ристевски, кој и зборуваше на отворањето во Библиотеката, а таа институција издаде и брошура по тој повод. Годинава се прославија 30 години од споменатиот ден, а би сакал овој ден и Димитар Илиевски – Мурато и понатаму да остане во сеќавањето на битолчани, како годината и пред десет години.

Деновиве пред 10 години: изложба за Мурато во библиотеката
More from ВестиMore posts in Вести »
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- СВР Битола: приведување за попречување на полицијата во извршување службени дејствија
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Во Битола врнежливо и постудено, температурата до 15 степени
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)





