Ротаракт Клубот Широк Сокак Битола реализира најголемата ваква акција во Битола од овој карактерм наменета за социјално ранливите категории.
Осми по ред викенд продолжува акцијата “Подари оброк” на Ротаракт Клубот Битола Широк Сокак. Во изминатите 8 викенди од акцијата „Подари Оброк“ дистрибуирани се над 1600 топли оброци, млечни производи, леб и бели пецива на социјално загрозените категории од Битола.
Благодарност до сите помагатели на оваа наша акција, до винарија “Чифлик”, ресторан “Милениум”, пекара “Александар”, хуманитарната организација “Утешител“, печатница “Киро Дандаро“ Битола, “Кa-Ни Трејд“ (Joka Mlekara) и “СН Бар Ресторан“.
Ротаракт клуб Битола Широк Сокак или скратено Ротаракт Широк Сокак е клуб на млади лидери, потенцијални идни лидери од разни области во општеството. Како клуб на млади луѓе на возраст од 18 до 30 години постои од 31 октомври 2014 година.

Ротаракт Клубот Широк Сокак Битола подготви и донира 1.600 топли оброци (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Фотографијата на Марушо и другарите е изборот на ЕХФ
- Лино Черван по победата никој не издвојува, победи тимот вели тој
- Фирмите со сметки во “Алта банка“ од денеска неограничено ќе располагаат со новите приливи
- Во Битола променливо облачно и студено, температурата до 7 степени
- Публиката во Битола го виде најдобриот европски натпревар и со одлична атмосфера ги награди ракометрите (фотогалерија)





