Press "Enter" to skip to content

Одбележани 183 години од формирањето на противпожарната служба во Битола (фотогалерија)

Со смотра на пожарникарите од Теритиријалната противпожарна единица од Битола и со плагање на цвеќе на споменикот пред зградата на ТППЕ – Битола денес беа одбележани 183 години од формирањето на првата противпожарна служба во Битола, која е формирана во 1836 година со повелба на Румелискиот валија.

Денот на пожарникарството, на сите пожарникари од ТППЕ – Битола со искрени желби за здравје, среќа и успешна работа им го честитаградоначалничката на Битола, Наташа Петровска.-Во 1836 година на 20 мај, тука на ова место во Битола, пред 183 години, формирана е првата противпожарна бригада на Балканот. Но, тука не сме само да им честитаме туку и да промовираме опрема која е набавена изминатава година, која веќе е ставена во функција на битолските пожарникари. Станува збор за 42 против пожарни комбилизони, заедно со чизми и шлем, 16 дишни апарати, кои се пред се во функција на заштита на нивните животи и да можат да реагираат во случаи на пожари, но би сакале што помалку да делуваат  на терен, рече Петровска.

-Четири  милиони денари се средства кои на општина Битола и следуваат со програмама за регионален развој, во поради тоа што ППЕ беше во лоша кондиција, сите средства беа наменети за ова единица, додаде Петровска, а нагласи дека оваа година ќе биде набавено ново противпожарно возило, со средства од истата програма, секако со кофинансирање на Општина Битола.Заменик командирот, Горан Димковски кој денес беше домаќин, на роденденот на ППЕ Битола рече:

-Заштитна опрема како најновата која веќе ја имаме, беше добиена во 2005 година, но не беше нова тоа беше туку донација од странска држава. Пожарите во урбана средина се поризични, а оваа опрема е токму за таа намена, а додека на отворен терен добро реагираме. Со оваа опрема прво ние ќе бидеме заштитени, а така заштитени ќе можеме подобро да реагираме.Опремата е набавена и со средсвта од Центарот за развој на пелагонискиот регион, а директорот, Гого Видимче, честитајќи им го денот на пожарникарите рече:

-На 20 мај денот кој  празник на поќарникарите, сакам да додадам дека Центарот за развој на пелагонискиот регион, освен за Битола, набави и опрема за општините Прилеп и Ресен, во рамки на програмата за развој на минситрсвото за локална самоуправа. Набавени се 16 дишни апарати со компримиран воздук, 55 одела за дејствување на отворено и 10 интервентни одела. Интервенцијата на пожарникарите не е само за заштита на материјални добра, туку и човечки животи, Центарот за развој на пелагонискиот регион ќе работи на закајнување на капациттетите на оваа единица.На денешниот настан по повод 183 роденден на ТППЕ Битола присуствуваа и положија цвеќа на споменикот и претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски со советниците Жаклина Наумовска и Методија Илиевска.