Press "Enter" to skip to content

Соопштение од РЕК “Битола“: краткотрајно исклучување на “Блок 3“

РЕК “Битола“ ја информира јавноста дека изутрината дојде до краткотрајно исклучување на “Блок 3“ од системот.

Причината за исклучувањето e грешка во автоматскиот систем за управување.

“Блок 3“ повторно беше приклучен во мрежа во 12 часот и во моментов работи работи непречено.

Производството на АД ЕСМ се одвиваше преку Блок 1 и преку другите производни капацитети.

АД  Електрани на Северна Македонијa

Подружница РЕК “Битола“