-Кога се зборува за Битола, без разлика каде и со која цел, неизбежна тема е најградската улица, Широк Сокак, која пред десетина години се уште го носеше името “Маршал Тито“, па затоа во насловот на вој текст го искористив ова име за улицата, ги започна своите сеќавања, Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.
Миновски во разговорот за оваа улица вели дека од секогаш била најзначална за Битола, тука се дефилирано, тука поминувале војските, најповеќе била бомбардирана, имало разни полемики, се менувало името…
-Но, без разлика кое време било улицата е најинтересна и за битолчани, кои секогаш сакале да поминат по неа, да бидат видени, во понови време да бидат на кафе-муабет. Пред повеќе од дваесетина година приматот на Широк Сокак му го зеде Старата чаршија, таму беше врталиштето на младите во вечерните часови, таму беа случувањата, во времето кога се поплочуваа улиците, додава Миновски, кој ги покани битолчани преку мала фотогалерија да се потсетат на Широк Сокак пред 10 години, во 2009 година во месец мај.

Деновиве пред 10 години: улицата “Маршал Тито“ во мај 2009 година (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево, температурата до 24 степени
- “Генерал Филм Студио“ со награда за најдобар спот на “Netët e Klipit Shqiptar“ во Тирана (фото)
- Членовите на Сојузот на борци од Битола и годинава го испочитуваа Маршалот Тито
- Од полноќ ново поскапување на горивата, дизелот +2,5 денари, бензинот +2 денари
- Од 7 до 9 мај во Битола нов градски фестивал посветен на виното (фото)





