Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: петмина украле полна приколка риби од рибникот Букри и напад на сосед

На 26 мај околу 20.30 часот во СВР Битола била пријавена кражба на риби од рибник Букри. Полициски службеници излегле на местото и затекнале патничко возило со приколка полна со риби и пет лица А.С. (33) од Битола, А.Н.(34) од с. Живојно, П.С.(54) од Битола, Б.А. (25) од с. Гермијан и С.К. (61) од с. Канино. Лицата биле лишени од слобода и по целосно докуменитрање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26 мај во СВР Битола, Ж.М. од Битола пријавил дека истиот ден околу 09.30 часот на улица „Прогрес” бил физички нападнат од неговиот сосед З.С.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.