Press "Enter" to skip to content

Денес на тајно гласање се избира новиот ректот на УКЛО

Универзитетската изборна комисија при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола утврди двајца кандидати за избор на ректор на УКЛО-Битола, проф. д-р Тале Герамитчиоски и проф. д-р  Коруновски д-р Сашо, редовен професор и досегашен ректот.

Новиот ректор ќе се избира од редот на редовните професори на слободни, непосредни и тајни избори од страна на членовите на наставно-научните, научните и наставничките совети на единиците, за време од три години, со право на уште еден избор, а универзитетот и неговите единици ја реализираат постапката за избор на ректор во согласност со Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот и Упатството за постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. 

Универзитетска изборна комисија од седум члена и тројца заменици од редот на сенаторите, чиј претседател е проф. д-р Мирослав Андоновски од Економскиот факултет – Прилеп, ги утврди кандидатурите, според азбучен ред на.

1. Герамитчиоски д-р Тале, редовен професор

2. Коруновски д-р Сашо, редовен професор 

Гласањето на сите единици на УКЛО ќе се спроведува денес, од 12 ч до 14 часот, а право на глас за избор на ректор имаат 270 члена на наставно-научните, научните и наставничките совети на единиците на УКЛО.