Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанка нападната во Зоолошка и групна тепачка на Баирот

На  28 мај во СВР Битола, С.М.(30) од Битола  пријавила дека нa  27 мај околу 21.30 часот непознато лице во кругот на Зоолошката градина физички ја нападнал и и одзел паричник со лични документи и пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 28 мај во СВР Битола било пријавено дека на улица „Титово Ужице“ во населба Баир, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Р.(41), Џ.Р.(44) и Р.Р.(22), од една страна и  Е.В(44),  Е.В.(23), М.В.(44), С.В.(24), од друга страна, сите од Битола. Според пријавеното, притоа биле употребени разни предмети. Се превземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.