Press "Enter" to skip to content

Утрово три земјотреси ги разбудија и вознемирија битолчани, епицентарот во Корча, Албанија

Утрово три земјотреси ги разбудија и вознемирија битолчани, а првиот се случи во 6 часот и 26 минути по локално време, со јачина од 4,9 по Рихтер. Потоа следуваше најсилниот со 5,0 степени по Рихтер. а потоа и трет со јачина 4,4. Серија од неколку навистина силни земјотреси го исплашија населението на југот на Албанија, каде е и епицентарот во градот Корча, на самата граница на Албанија и Грција, а според извештаите бил на длабочина од 4 километри.

Сеуште нема информации за евентуални штети и повредени во овој дел на Албанија.

Земјотресот бил почувствуван и во пограничните села околу Преспа на Македонска територија, а и во Охрид, Ресен и Струга.