Press "Enter" to skip to content

Соопштение од Општина Битола за рефундирањето на средства за превоз на ученици

На следната седница на Советот на Општина Битола, предвидено е да се изврши ребаланс на буџет, со што ќе продолжи рефундирањето на средства за превоз на учениците за одредени релации.

Исплатата ќе се врши според претходно донесената одлука на Совет, со која учениците беа задолжени да ги чуваат билетите за превоз и со издадена потврда од соодветното училиште, за да се изврши рефундирање на средствата кај нивните родители.