Синоќа во градското шеталиште беа целосно оштетени две канделабри и околни дрвја од страна на непознати лица, а екипи на ЈКП “Комуналец“ и Општина Битола, презедоа мерки за обезбедување на местото, со изолација на жиците и каблите за струја, кои исто така биле искинати.
Канделабрите се изработени од масивно железо, кое е тешко за оштетување, а вандалите за нивно уништување употребиле голема сила. Настанот е пријавен во битолската полиција, и е извршениот увид на лице место.

Фото вест: искршени канделабри на Шеталиште
More from ВестиMore posts in Вести »
- Фотографијата на Марушо и другарите е изборот на ЕХФ
- Лино Черван по победата никој не издвојува, победи тимот вели тој
- Фирмите со сметки во “Алта банка“ од денеска неограничено ќе располагаат со новите приливи
- Во Битола променливо облачно и студено, температурата до 7 степени
- Публиката во Битола го виде најдобриот европски натпревар и со одлична атмосфера ги награди ракометрите (фотогалерија)





