Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: автомобил излета од патот кај село Радобор, повредени пет лица

На 02.06.2019 во 21,20 часот било пријавено дека на патот Могила-Будаково пред с.Радобор патничко возило „Форд галакси“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Џ.(44) од с.Канатларци–прилепско излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле: С.Џ.  и сопатниците Е.Џ. (29) од с.Канатларци, М.З. (21) од Р. Турција, М.С. (20) во Р.Турција и А.Д. (22) од Р.Турција.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »