По повов празникот Рамазан Бајрам во Битола главната утринска и бајрамска молитва се одржа денес рано на утро во Исхак Челеби џамијата, предводена од имамот Орхан Демири.
Муфтијата Амит Расими беше со верниците во Хатунија џамијата, каде одржа бајрамска молитва.
Од денес, по триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански Бајрам, кој се смета за голем празник во исламот.
Рамазан е еден од петте столба на исламот, покрај верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Месецот на Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта, а од пост се ослободени децата, бремените жени, доилките и болните.

Битолчани од муслиманска вероисповед на утринска-бајрамска молитва во Исхак Челеби џамијата (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Генерал Филм Студио“ со награда за најдобар спот на “Netët e Klipit Shqiptar“ во Тирана (фото)
- Членовите на Сојузот на борци од Битола и годинава го испочитуваа Маршалот Тито
- Од полноќ ново поскапување на горивата, дизелот +2,5 денари, бензинот +2 денари
- Од 7 до 9 мај во Битола нов градски фестивал посветен на виното (фото)
- Спортска академија Битола со предавање за спортската психологија како предуслов за успех во спортот (фото)





