Со специјализирани камиони утрови се празнеа контејнерите кои ЈП “Комуналец“ ги постави низ градот за собирање на рециклирачки материјали, во зелена боја, за стакло.
Обучени екипи на “Пакомак“ ги испразнија контејнерите на улицата “Едвард Кардељ“, брзо и безбедно, со оглед на тоа што се работи за искршени стакла, кои можат да бидат небезбедни за минувачите.
Зелените, специјализани контејнери, беа полни со стакло, што значи дека кампањата на “Комуналец“ вроди со плод, а битолчани, се повеќе го фрлаат отпадот, во специјални контејнери, кој потоа ќе се рециклира.






