На 17.06.2019 година во 14.40 часот на крстосницата од улиците „Новачки пат“ и „Шералти“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ-525“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.К. (31) од Битола и мопед „Јујинг-50“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Г.Р. (49) од Битола.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот и бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.






