Наградувањето на лојалноста преминува во традиција во БиМилк.
Веќе традиционално, и оваа година, компанијата Бимилк ги наградува своите најлојални вработени, кои имаат остварено непрекината работа во млекарата од 10, 20 или 30 години.
По овој повод, компанијата вчера одржа пригодна свеченост на која генералниот директор, г. Ѓорѓи Петрушев, им ги додели јубилејните награди на вкупно 22 вработени од различни сектори на компанијата.
„Навистина е гордост да се видат среќните лица на вработените што вложиле години и години посветена работа за развојот на компанијата, особено земајќи предвид дека има и работници што својата кариера во Бимилк ја започнале и пред 1999 година. Како компанија, сериозно инвестираме во унапредувањето на условите за работа од секој аспект и во континуирана мотивација на вработените преку најразлични обуки, доквалификации, наградувања и сл., и ова за нас е само показател дека сето она што долгорочно го правиме во доменот на човечките ресурси се исплатува и навистина успеваме да се позиционираме како компанија во која вработените се задоволни и среќни и во која луѓето сакаат да се вработат“, изјавија од Бимилк.
Од вкупно 22 наградени работници, 12 се наградени за 10-годишна непрекината работа, а, пак, 10 работници се наградени за 20-годишна работа во Бимилк. Минатата година компанијата награди 14 вработени, додека, пак, во 2017 година вкупно 62 вработени понесоа награди за нивната лојална долгогодишна посветеност на Бимилк.

Битолска млекара ги награди своите најлојални вработени (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Генерал Филм Студио“ со награда за најдобар спот на “Netët e Klipit Shqiptar“ во Тирана (фото)
- Членовите на Сојузот на борци од Битола и годинава го испочитуваа Маршалот Тито
- Од полноќ ново поскапување на горивата, дизелот +2,5 денари, бензинот +2 денари
- Од 7 до 9 мај во Битола нов градски фестивал посветен на виното (фото)
- Спортска академија Битола со предавање за спортската психологија како предуслов за успех во спортот (фото)





