Press "Enter" to skip to content

Болницата “Плодност“ подготвена и за алтернативни методи на породување (фото)

Во Клиничкиот болнички центар во Ријека, Република Хрватска, на посебен вид едукација учествуваа специјалистите гинеколози-акушери од ПЗУ Болница “Плодност“, д-р Кристинка Пајаковска, д-р Марија Христовска и д-р Никола Василески, како и медицинските сестри-акушерки Мерлинда Драла и Надица Нешковска. Посебен дел од нивната шестдневна едукација, зазедоа областите на грижа на ниво на перинатална заштита, клинички дел, организација на работа на дневна болница, запознавање со организацијата на работа и грижа за мајките по породувањето.Но, најважниот дел од обуката на медицинскиот тим на Болница „Плодност“ се однесуваше на алтернативните методи на породување, односно породување на столица и породување во вода.Породувањето во вода важи за алтернативен метод, кој е често применлив во клиниките во светот.Болница „Плодност“, следејќи ги светските трендови од областа на технологијата и едукацијата, целосно е подготвена за примена и на овој вид алтернативно породување, преку стручната наобразба на својот персонал и техничките можности и капацитети.

More from ВестиMore posts in Вести »