Press "Enter" to skip to content

“Плодност“ и Центарот за јавно здравје за примена на нови молекуларни тестови (фото)

На утринскиот состанок во болница “Плодност“, д-р Елена Крстевска Келепуровска, микробиолог во Центарот за јавно здравје во Битола, одржа информативна средба со докторите и одговорните сестри.На овој состанок се разговараше за примена на нови молекуларни тестови за откривање на сексуално преносливите болести и инфективни причинители за неплодноста.

Исто така, беа претставени и новите тестови за откривање на бактерии во крвта, инфективни тестови за мали деца и новородениња наменети за градни болести итн.Овие нови сознанија од областа на микробиологијата во голема мерка ќе им помогне на нашиот персонал при справувањето со новите и современи болести, истовремено и со побрзо дијагностицирање на одредениот проблем.

More from ВестиMore posts in Вести »