ЈП “Стрежево” – Битола во близина на браната “Стрежево” и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”, го реализираше порибувањето за 2019 година со сопствени финансиски средства во износ од околу 350.000,00 денари.
-Со денешниот чин во целост ја реализиравме обврската за оваа година согласно Законот за рибарство и аквакултура, договорот законцесија, риболовната основа и годишниот план за заштита и стопанисување со рибниот фонд во акумулацијата Стрежево, за 2019 година. Акумулацијата “Стрежево” е порибена со подмладок од крап (1.000 единки) и пастрмка (5.000 единки), рече директорот на ЈП “Стрежево” – Битола, Менде Граматковски и додаде:
–Јавното претпријатие „Стрежево” – Битола, во следниот период ќе продолжи да врши порибувања на риболовната вода „Акумулација Стрежево”, на задоволство на сите љубители на риболовот и животната средина.
На порибувањето присуствуваа овластени претставници на концесионерот, претставници од репроцентарот “Акватика“ од Неготино, заинтересирани граѓани, инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство, претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и претставник на овластената установа – изработувач на риболовната основа.

ЈП “Стрежево” ја пориби акумулацијата “Стрежево” со подмладок од крап и пастрмка (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Мал привремен кино салон под отворено небо: Utopia и 3D кино со “Странецот“ (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- СВР Битола: битолчанец возел со 1,62 промили алкохол во крвта, групна тепачка – двајца повредени
- Денес е Крстовден, Воздвижение на Чесниот крст
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени





