Press "Enter" to skip to content

Одбележан Денот на државноста на Хрватска во Битола (фотогалерија)

Во преполната сала во Завод и музеј, пред многубројните присутни се одржа манифестацијата за одбележување на Денот на државноста на Хрватска во организација на Хрватскиот културен центар и Македонско- Хрватско друштво “Марко Марулиќ“ од Битола.Воедно овој настан беше во рамките на многубројните оваа година во која се одбележуваат и 25 години постоење на македонско хрватското друштво и хрватскиот културен центар.Во рамките на овие 25 години се реализираа бројни проекти меѓу кои: збратимување на општина Новаци со општина Дуги Рат, Хрватска, збратимување на КУД “Илинден“ со КУД “Далмација“, Дуги Рат, збратимување на општина Ресен со општина Муртер, бројни турнеи и размена на национални театарски куќи, концерти, артисти од Хрватска во Битола и обратно.Секоја година учествуваат на бројни фестивали во Хрватска со КУД “Илинден“, асоцијација за фолклор “Плетенка“, КУД од Ресен и Прилеп, а организираат и гостување на хрватски друштва на нашите фестивали меѓу кои Бит фест, Илинденски денови, манифестации не само во Битола, но и Прилеп, Ресен, Охрид.Со самото тоа со постоењето на ова здружение се работи на поле на поврзување на двата пријателски народи македонскиот и хрватскиот на поле на култура, но и туризам, економија, стопанство.Соорганизатор и оваа година на манифестацијата беше Хрватската Матица на иселеници подружница Сплит, кои веќе долги години скоро од почетокот на постоењето на македонско-хрватсткото друштво, се со нив. Овие настани секоја година се со поддршка на општина Битола, градоначалничка Наташа Петровска присуствуваше на самиот настан и се обрати на присутните.Меѓу нив присутни беа и претставници на Хрватската Амбасада во Македонија, хрватската Амбасадорка: Данијела Баришиќ, поддржувачи и соорганизатори на настаните на Хрватскиот културен центар. Освен нив гости беа и градоначалникот на Дуги Рат Хрватска, Јерко Роглиќ, градоначалникот на Новаци, Љубе Кузмановски и градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски. Оваа година програмата беше составена од изложбата “Пет векова Марулиќева евангелиста“ Сплит и концертот на далматинската женска вокална група при КУД “Јединство“ исто така од Сплит, Хрватска.

Во годината во која тие прославуваат100 години од своето постоење и овој настап е еден од оние за одбележување на овој јубилеј. Со изведбата на своите песни, вокалната група го доближи културното наследство на Сплит, Далмација и воопшто Хрватска, на битолската публика како дел од богатото наследство на хрватската култура, а ги изненадија присутните со изведба на македонските композиции Јовано Јованке и Македонско девојче.

More from ВестиMore posts in Вести »