Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство.
Притоа, биле контролирани 1150 возачи од кои 25 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 14 возила, брзината ја надминале 30 возачи, на мобилен телефон разговарале тројца возачи, а додека шест други не користеле сигурносен појас.






