Жаклина Наумовска е избрана за нов секретар, а за организационен секретар Александар Дракуловски.
Синоќа во Битола се одржа изборна конференција на Основната Организација на СДСМ Битола на која присуствуваше новиот генерален секретар, Љупчо Николовски, а на која беа избрани раководните тела на битолската организација.
Љупчо Николовски на својот фејсбук профил по конфеенцијата во Битола, кратко напиша; Другарство, нова енергија и мотивираност. СДСМ ги заокружува промените и воспоставува нов систем за работа. Честитки за новото раководство на Општинската организација Битола.
Најблизок соработник на претседателот на ОО на СДСМ Битола, Златко Ќурчиевски ќе му биде Жаклина Наумовска, која е избрана за нов секретар, а за организационен секретар е избран Александар Дракуловски.
На изборната конференција беа избрани членовите на новиот Извршен и Надзорен одбор.
Директорот на РЕК “Битола“, Васко Ковачевски е координаторот на изборната конференција во Новаци, а во Могила, членот на Извршен одбор на партијата, Васко Талевски во општина Могила.
Фото: СДСМ






