Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: малолетник со мопед заврши на болница по сообраќајка со Грк во Кравари

На 04.07.2019 година во 16.15 часот на улица „Гоце Делчев“ во с.Кравари, битолско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Хјундаи гец“ со грчки национални ознаки, управувано од T.E.(59) од Република Грција и мопед „Јујунг“ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с. Кравари.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Клиничката болница во Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »