Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство.
Притоа, биле контролирани 1214 возачи, од кои 28 возачи управувале возило без возачка
дозвола, нерегистрирани биле 17 возила, брзината ја надминале 73 возачи, двајца возачи не користеле сигурносен појас, четири зборувале на мобилен телефон.






