Градоначалничката на Општина Битола од денес до 19 јули ќе престојува во работна посета на САД на покана на Амбасадата на САД во Скопје, како учесник во Мулти-регионалниот проект „Локална дипломатија и глобално ангажирање“ во организација на американскиот Стејт департмент.
Целта на студиската посета е црпење искуства за развојот на општините на повеќе полиња, вмрежување меѓу градови и соработката на локалната со централната власта.
Престојот на градоначалничката Петровска во САД е обезбеден од страна на Стејт департментот.






