Ова лето за СДСМ ќе биде работно! За нас и за нашите коалициони партнери зборот важи, а СДСМ останува да биде секој ден на терен рамо до рамо со граѓаните, да се презентира веќе сработеното но и да ги слушнеме нивните потреби, се со цел уште позасилено да работиме на реализација на централните и локалните програми, денес на прес-конференција ова го најави, партискиот портпарол на ОО на СДСМ-Битола, Борче Корлевски.
На средби во маалски и урбани средини со граѓаните, ќе разговараме за нивните потреби, за отворените прашања, за работата на локалната самоуправа и градоначалниците, за работата на централната власт и на институциите, но и за начинот на решавање на проблемите. Ќе го забележиме она што ќе го посочат граѓаните и итно ќе делуваме низ системот на институциите. Што е добро сработено во изминатите 2 години, што треба да се подобри.
Почитувани, се обврзавме пред вас, За нов начин на делување и работење, Но и за забрзување на напредокот на целокупниот општествен живот. Ветивме пред избори дека нема да излегуваме на терен само пред избори. Ветивме дека ќе бидеме присутни дури и кога сметате дека сме погрешиле. Ние сме на ваша страна, ние сме дел од Вас, приклучете ни се, бидете гласни, како што само Битола знае да биде гласна! Вашиот став и вашето мислење за нас е важно, секоја ваша критика упатена кон нас е поттик за навремено реагирање и пронаоѓање решенија.
Преку извештаите и работните средби, ќе се евиденира степенот на реализација на проектите и задоволството на граѓаните, и од политиките и од носителите на истите. Ова ќе го вкрстиме заедно со информациите од граѓаните на терен. Преземаме обврска, преку координирана акција да се надминат сите предизвици во реализацијата на она што е ветено пред граѓаните.
Почитувани сограѓани, вие сте најнеопхониот дел од овој процес! Заедно со вас и со ваша помош одиме напред, кон подобра иднина и подобро општество, кон подобар живот за сите нас!






