Младинската асоцијација “ИМКА“ во соработка со Мировниот корпус и оваа година го организира Младинскиот Лидерски Камп (Young Men’s Leadership Project). На кампот учествуваат 52 средношколци од Македонија поддржани од 36 волонтери и персонал. Кампот се одржува во детското одморалиште Бегова Корија (поранешно Шула Мина) на планините во близина на Крушево во периодот 14-21 јули 2019.
Наставата вклучува граѓанска одговорност, лидерство, животна средина, младинска вработливост и личен развој. Дополнително, кампот обезбедува можности за кампување на отворено, тимска работа, учење различни спортови и рекреација, уметничко изразување и други корисни и практични вештини.
Мисијата на ИМКА и на овие кампови е оспособување на младите луѓе и развивање на вродениот потенцијал кој тие го поседуваат преку обезбедување на вештини и знаења неопходни за да станат активни лидери во нивните средини.
Ова се прави преку искуствено образование кое промовира разноликост, гради академски и социјални вештини кај младите. Програмата се темели на спој на неформалното образование и едукација на отворено.

Младинската асоцијација “ИМКА“ од Битола организира младински лидерски камп (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- Осветен големиот крст кај црквата “Св. Ѓоргија“ во Паралово (фото)
- Мал привремен кино салон под отворено небо: Utopia и 3D кино со “Странецот“ (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- СВР Битола: битолчанец возел со 1,62 промили алкохол во крвта, групна тепачка – двајца повредени





